На маргините на политичкото Собрание на Европската народна партија (ЕПП), претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски остварил средба со Манфред Вебер, претседател на ЕПП во Европскиот парламент.
-Го информирав господинот Вебер за актуелните состојби во државата. Му укажав на политичкиот прогон од страна на актуелната власт преку злоупотреба на државните институции.
Наместо да се случуваат реформи кои би ја придвижиле државата напред, посочив дека секојдневно сме сведоци на коруптивни скандали и општ грабеж кој ја уназадува државата, како на политички така и на економски план.
Со секој изминат ден на власт, Зоран Заев и СДСМ се повеќе ја оддалечуваат Македонија од патот кон ЕУ и НАТО.
Освен за актуелната дневно-политичка состојба, го информирав господинот Вебер и за внатрепартиските случувања и трајната определба на ВМРО-ДПМНЕ, за приоретизирање на евро-атлантските интеграции на Република Македонија.
Господинот Манфред Вебер воедно е и најсериозен кандидат за претседател на Европска комисија, му посакувам успех, напиша Мицкоски на својата Фејсбук страница.