873
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вели дека е вчуновиден од фактот што богатите скандинавски, балтички и балкански земји прифаќаат едноцифрен број на луѓе од Авганистан, а Македонија 10 пати повеќе.
– За мене тоа е неприфатливо, за мене тоа е погрешен потег, затоа што тоа што го прави Владата за мене претставува уште еден вид глупост која нема граница. Ако многу побогати земји од Македонија и многу поспремни влади од Македонија одлучиле да прифатат едноцифрен број луѓе јас не знам со која леснотија влада која за своите граѓани не може квалитетно да се грижи да се грижи за други – рече Мицкоски на Сител.