Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во интервју за Радио Слободна Европа изјави дека во целата постапка за случајот „Рекет“ не се опфатени главните нарачатели. Одговарајќи на прашањето зошто ВМРО-ДПМНЕ не ја објави папката со документите што беше посочена на прес-конференција, Мицкоски одговори:
-Мислам дека два такви аудио-материјали беа објавени во јавноста кои што во еден добиен материјал кој што беше во рамките на парламентот објавен од страна на еден пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, каде што практично Зоран Заев вели дека помагал телевизија на еден од сега веќе првостепено осуден, дека помагале во таа телевизија и дека целосно запознаен за тоа што работеле со еден бизнисмен…
Воедно, тој истакна дека не треба да се преговара за Гоце Делчев и за македонскиот јазик, бидејќи, според него, тоа е завршена работа и стекнато право.
-Гоце Делчев е дел од нашиот национален идентитет. Врз основа на тој лик ние сме создале држава – порача Мицкоски.