591
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски попладнево повика и останатите членови на Комисијата за историја да го следат примерот на професорот Ѓорѓиев и да поднесат оставка.
-Ако е вистина тоа дека некој помеѓу двата изборни круга одлучува да распродава дел од македонскиот идентитет и да ја продава Македонија, на сметка на тоа да опстане политички, јас сум шокиран. Повикувам не само тие политичари што вршат притисок, туку и останатите челнови на Историската комисија да ја следат постапката на професорот Ванчо Ѓорѓиев, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.