Мицкоски ги потврди списоците за вработување на Меџити, ДКСК итно да реагира, велат од СДСМ

by Fokus

Изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека секој можел да прави списоци за вработување е јасна потврда дека списоци за робусно вдомување на 3.000 партиски војници постојат, обвини СДСМ.

Од партијата велат дека се потврдуваат намерите со скандалозната најава на Меџити за историски најголема партизацијата на јавната администрација.

„Очигледно има веќе подготвени списоци со имиња на „подобните“ партиски кадри, кои треба да се вдомат во јавниот сектор. Прашањето е смее ли Мицкоски да побара одговорност од Меџити? Или дилот им е заеднички, пред локалните избори да има робусно полнење на администрацијата со партиски послушници?

Овој огромен, робусен скандал со најголема партизација на институциите мора да биде целосно расчистен.

ДКСК мора веднаш да отвори предмет по оваа изјава на Меџити. Сите моментални вработувања во администрацијата да бидат стопирани и да се обезбеди целосна истрага за овој скандал“ порачаа од СДСМ.

Поврзани новости