393
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното гостување на телевизија Алфа обвини за полнење на кутиите и ги оспори резултатите од вчерашниот референудм.
-Многу пати сме го виделе Заев да каже, па да се демнатира. Законот е јасен, бројките се јасни што значи успешен референдум. Она што е потрагично е дека и тие бројки што ги презентираше не се такви. Законот е јасен и стои дека за успешен рефереудм треба 50 отсто плус еден. Далеку сме од таа бројка, и покрај сите девијантни појави вчера и како револвераши се појавија на избирачките места низ Македонија. Повеќе од 50 илјади гласа се брутално наполнети во кутиите, рече Мицкоски.