Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и мандатар Христијан Мицкоски по седниците на Извршниот и на Централниот комитет на партијата попладнево ги обелодени имињата на предложените министри во новата влада.
Министер за транспорт и потпретседател на Влада ќе биде Александар Николоски.
Министер за одбрана – Владо Мисајловски
Министер за финансии – Гордана Димитриовска Кочоска
Министер за надворешни работи и надворешна трговија – Тимчо Муцунски
Министер за локална самоуправа – Златко Перински
Министер за информатичко општество и дигитална трансформација – Стефан Андоновски.
Министер за спорт – Борко Ристовски
Министер за енергетика, рударство и минерални суровини – Сања Божиновска
Министер за земјоделие, шумарство и водостопанство – Цветан Трипуновски
Министер за култура и туризам – Зоран Љутков