Мицкоски ги нападна Шилегов и Наумовски

by fokus

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на денешниот митинг во општина Ѓорче Петров го нарече скопскиот градоначалник Петре Шилегов Худини.

-Петрета го викаат и Худини. Само него може да му успее да стопи 12.5 милиони евра добиени од продажбата на Градската куќа која ја градеше Трајановски. Досега се нема случено толку брзо и толку „најдобро“ да се стопат точно 12.5 милиони евра и никој да не виде ниту трага ниту глас. Да завршат изборите па ќе видиме што ќе покаже истрагата – рече Мицкоски.

Тој се осврна и на градоначалникот на Ѓорче Петров Александар Наумовски, кој, како што обвини Мицкоски, во околината на семејната куќа си направи плочник од половина милион евра.

-Познат е и по тоа што ископа дупка за да гради базен, а на нероден Петко, почна капа да му крои, па вети дека ќе формира пливачки клуб. Кај да е и пливачки капчиња ќе дели, ама базенот остана само празна дупка. Под базенот има скривница од училиштето и таму вода протекува. Ете толку се работници – рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости