Мицкоски ги исклучи од ВМРО-ДПМНЕ пратениците кои гласаа „за“

by fokus

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва на прес конференција соопшти дека партијата одржала вондредна седница на Извршниот комитет на кој едногласно по негов предлог биле разрешени седумтте пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои гласаа за потребата од уставни измени.

-Волјата на граѓаните беше погазена од две третини од пратениците од СОбранието, но и од осум пранитеици од опцозцијата кои тргнаа против болјата граѓани. Се говори дека им било понудено ослободување од обвинетнијата. Велат дека биле и понудени пари. Сакам да изразам благадорност до пранитниците кои успеаја да одолеат на заканите и притисоците. Но, не сите издржаа на таквите притисоци. На сите оние осум пратеници, јас како човек не можам да ги оправдам, ниту можам да ја оправдам нивната постапка. Самите одбираме како ќе живееме, со каква углед и каква чест. Обврската кон граѓаните е поважна од било каков притисок и закана. Има и пратеници кои беа опфатени од политичкиот прогон, но гласаа согласно партискиот став. Оние кои постапија спротивно од партискиот став и против волјата на народот, ме разочараа мене, но тоа и не толку важно, затоа што пред се ја разочараа партијата и татковината. Затоа вечерва на ИК и едногласно се усвои исклучување на овие пратеници.

 

Поврзани новости