Мицкоски: Францускиот предлог значи или бугаризација или нема ЕУ

by fokus

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното интервју на телевизија Канал 5 го оцени како шокантен францускиот предлог за тргање на ветото во кој, според досегашните неофицијални информации, се предлага бугарските барања да влезат во преговарачката рамка на ЕУ.

-Врз основа на ова што го читаме, ако е тоа така, тоа е шокантно негативно и лошо. Тоа значи дека или ние ќе се асимиллираме, бугаризираме или никогаш нема да бидеме дел од ЕУ. Ова е нокаут за македонската дипломатија. За мене уште поголем нокаут е лицемерната политика. Да се уценува Македонија- земја кандидат, а притоа да се излезе со позиција дека Украина заслужува кандидатски статус, рече Мицкоски.

Тој побара итна средба со целиот државен врв за заедно да постават траекторија по која Македонија треба да се движи по сите овие предизвици.

 

Поврзани новости