Ќе успееме кога Македонија ќе ја направиме навистина пристојно место за живеење, место каде што сите оние наши соседи, наши роднини колеги, пријатели, познаници, изминативе месеци, изминативе години ги напуштија родните огништа, ја напуштија нашата држава и денеска практично се наоѓаат некаде во западна Европа, се наоѓаат некаде во Австралија, Нов Зеланд, Канада, САД во потрага по подобар живот, изјави денес во Драчево, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Сите оние кои што ви велат дека е тоа невозможно, сите кои ви велат дека не можеме да успееме и како народ и како држава, сите тие се жртви на лошата и погрешна пропаганда на Зоран Заев и СДСМ. Јас стојам пред вас и ви велам и ви ветувам, заедно за неколку месеци од сега од овој ден, народот и најголемата коалиција која што ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ ќе го порази Зоран Заев и СДСМ и ќе го прати во политичка пензија, а потоа сите оние кои се огрешиле пред законите, сите оние кои се осрамотиле пред вас граѓаните, пред нас граѓаните, ќе одговараат од прв до последен“, истакна Мицкоски.
Според него за разлика од СДСМ кои се колнеле во Белград и Москва од ВМРО-ДПМНЕ, секогаш биле за Европската Унија.
-За сиот арамилук и за целата корупција која што денес е опсипана со канџите на октоподот, а главата на октоподот шета низ Македонија и денеска е во Прилеп и сее празна слама и ветува нешто кое повторно ќе го рецитира исто како што го рецитираше пред три, четири, пет години за пуста власт, за пусти пари и за пуста фотелја. 12-ти април лето Господово 2020 година се обединува народот во Македонија со ВМРО-ДПМНЕ и најголемата коалиција. Доаѓа обновата на Македонија, изјави Мицкоски
Да си го чуваме и градиме, и зголемуваме ВМРО-ДПМНЕ. Затоа што ВМРО-ДПМНЕ е генот. ВМРО-ДПМНЕ е срцето и душата на Македонецот. Без оние метафизички, помалку комични објаснувања за срцето, душата и петата на Зоран Заев. Едноставно ВМРО-ДПМНЕ победува на 12 април 2020-тата година“, изјави Мицкоски.