630
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во денешното интервју на Канал 5 одговори на обвинувањата на СДСМ дека татко му го поставил за негов асистент на Електро-машинскиот факултет и тој така успеал да магистрира и докторира.
-Обвинувањата на СДСМ се напад кон мене и моето семејство. Бев еден семестар дел од асистентскиот тим на мојот татко на Електромашинскиот факултет. Горд сум на тоа што имав таков пример и имав можност да работам со таков човек. Сплет на околности беше мене да ме изберат за асистент, рече Мицкоски.