Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вели дека е за влада во која „ќе имаме едно широко македонско национално единство“, бидејќи, според него, во овој момент имаме влада во која има сè, само нема македонско единство.
-Јас сум за влада во која ќе имаме едно широко македонско национално единство бидејќи сега сме со влада во која има сè, само нема македонско единство. Имаме премиер што нема народен легитимитет, имаме македонска, условно кажано, политичка партија којашто е малцински потчинет партнер, односно во заложништво на оние кои вистински управуваат – рече Мицкоски во „360 Степени“.
Прашан дали тоа значи влада на „ВМРО-ДПМНЕ плус СДСМ минус ДУИ“, тој вели дека тоа ќе го одредат граѓаните на изборите, но доколку се прашува тој, редно време е после 20 години ДУИ да помине одреден период во опозиција.