Шпанскиот амбасадор во земјава, Рафаел Сориано Ортиз воодушевен од македонскиот премиер Христијан Мицкоски.
Тој на социјалната мрежа Икс објави дека Мицкоски утринава на скопскиот аеродром ги минал сите формалности како и сите други патници.
Ортиз, кој чекал во редот за туристичко пријавување на лет за Истанбул, посведочил како премиерот на Македонија без никакви привилегии ја поминал контролата, чекал ред за чекирање и ги испочитувал сите процедури како другите патници.
„Утрово фатив лет за Истанбул. Во редот за туристичко пријавување го сретнав премиерот Христијан Мицкоски кој ги помина формалностите, вклучително и соодветните контроли, како и секој друг патник. Пример за едноставност и нормалност. Браво!“, напиша амбасадорот.
Утрово фатив лет за Истанбул. Во редот за туристичко пријавување го сретнав премиерот🇲🇰 @MickoskiHM кој ги помина формалностите, вклучително и соодветните контроли, како и секој друг патник. Пример за едноставност и нормалност. Браво! @TimcoMucunski @VladaMK @NMvesti @MIA_NEWS
— Rafael Soriano Ortiz (@RafaSorianoO) February 28, 2025
Мицкоски денеска патува во посета на Република Турција, на средба со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.