Мицкоски е фрустриран и преку дезертерот Ковачки води хајка против министерката Петровска, велат од СДСМ

by Fokus

„Христијан Мицкоски, очаен и фрустриран што државата предводена од СДСМ оди напред, преку дезертерот Драган Ковачки води анти-НАТО хајка против министерката за одбрана Славјанка Петровска“, велат од СДСМ.

„Со лични навреди и обиди за дискредитација, сеење дезинформации и ширење лаги, ВМРО-ДПМНЕ го допре дното.

Мицкоски за вакви грозни и непримерени манипулации го избра дезертерот Драган Ковачки, кој ја посрамотил униформата на АРМ и го одработува за Белата палата, она што очигледно најдобро знае да го прави, да кодоши и плука, да шири лаги и невистини.

Вистината и фактите ги демантираат лагите на Ковачки, за пласираните невистини следуваат тужби и судска разрешница.

ВМРО-ДПМНЕ со ништо не може да го дефокусира вниманието на јавноста од своите промашени и пропаднати политики, блокади и опструкции.

Падна во заложништво на Левица и Апасиев, во обидите да го попречи напредокот на државата.

Мицкоски останува антиЕУ и антиНАТО политичар, кому фотелјата му е пред интересите на граѓаните“, информираат од СДСМ.

Поврзани новости