Јас сум зборувал за гаранции кои што ќе ги бараме од европските институции, тоа се гаранции со кои што јасно и недвосмислено тие европски институции ќе го потврдат македонскиот многувековен идентитет, историја, култура, обичаи и она што е најважно, македонскиот јазик, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното гостување на тв Сител.
Во однос на уставните измени Мицкоски посочи дека едно е да биде бугарскиот народ дел од Преамбулата, друго е да биде дел од Комитетот за меѓуетничнички односи, тоа се сосема две различни работи.
„Ја се сложувам со тоа дека дури и да се стават Бугарите да бидат дел од Преамбулата, дури и тоа да се случи, дури да се случи ова што ние го бараме две, три, четири, пет, шест пресуди на Судот во Стразбур за човекови права, дури и сето ова да се затвори, да добиеме гаранции за идентитетот, повторно, протоколот кој што го потиша Бујар Османи и билатералниот договор кој што е дел од преговарачката рамка, кој што го прифати оваа Влада, се опасност во иднина за дополнителни пречки, дополнително вето, дополнителен идентитетски и историски интервенционизам“, рече Мицкоски.
Тој додаде дека дури и се да исполни Македонија што бара Бугарија, никој не гарантира дека државата ќе стане членка во Европската Унија, додавајќи дека многу преставници на меѓународната заедница дојдоа во државата да ни го кажат токму тоа и за пример ја посочи Република Турција која што е економски е многу помоќна од нас и со децении преговара со ЕУ и уште е далеку од нејзино полноправно членство.