Мицкоски: ДУИ се бори да ја намали нашата победа на следните избори

by fokus

Единствената работа која што вие ја имате на маса се предвремените парламентарни избори. И после неколку недели нападнати од афери за криминал, корупција, немање на реформи, анкети коишто мерат јавно мислење каде што се гледа дека губи и ДУИ, веќе СДСМ одамна има изгубено, и сега за да не зборуваме ние како јавност за тоа сега ќе зборуваме за оставките, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното гостување на ТВ Алфа.

Мицкоски посочи дека суштината на владата на ДУИ и СДСМ не е европскиот пат, туку како што рече борбата на ДУИ е да ја намали победата и бројот на пратеници на ВМРО-ДПМНЕ на следните избори преку разни маневри, укажувајќи дека СДСМ е веќе декласирана партија.

-Не е на ДУИ и СДСМ суштината за европскиот пат, гледајте го тоа политички. Кај нив е важно посебно кај ДУИ, бидејќи СДСМ и така е завршена приказна, колку е можно помал број на пратеници ВМРО-ДПМНЕ да освои на следните избори и да да доведе ситуацијата да не може да направи влада без ДУИ. И во таа кампања СДСМ е тотално неупотреблива повеќе и затоа тие се обидуваат со така наречените политички партии кои што се опозиција на опозицијата да го напаѓаат ВМРО-ДПМНЕ, и некои такви егзибиционисти кои се активно претежно на социјалните мрежи да лиферуваат лаги и измислици и да го намалат потенцијалот на ВМРО-ДПМНЕ на следните избори, рече Мицкоски.

Поврзани новости