Првиот човек на опозицијата, Христијан Мицкоски порача да не се држи веќе државата во заложништво и да се остави на експертите да се занимаваат со носење на законот за Јавно обвинителство.
„Ако продолжиме да се правиме глуви на ова што ни се случува, затоа ќе бидеме толку ниско на табелата за корупција. Сакаме да си ја видиме државата напред. Нема потреба за нова лидерска средба. Тоа за нас е завршена тема. Доста ја држевме државата во заложништво на политичари кои не можат ништо да понудат. Да формираме една монархија и да правиме онака како ќе каже монархот, така ќе тераме сите. Секој да одлучува по сопствена волја. Не можеме да спречиме ако одлучат законот на сила да го туркаат. Ова се закони кои дефинираат заробена држава. Дајте да го направат луѓето тоа што го знаат, кои цел живот го посветиле. Им веруваме на експертите. Каков пример ќе оставиме ние политичарите?