Мицкоски: Доста беа порази, во периодот кој што следи не очекува многу работа и победи

by Fokus

„Дозволете ми најпрво да го честитам овој голем христијански православен празник, голем ден за православните христијани, а тоа е Успение на Пресвета Богородица, да посакам хармонија, здравје, многу љубов, разбирање за сите наши сограѓани без разлика од нивната вероисповед. Овој е ден кога православните христијани се меѓу своите најблиски во кругот на своето семејство и тоа е момент кога можеме да си кажеме она коешто сме го пропуштиле да си кажеме во изминатиот период, истовремено сакам и на рударите коишто се во рударските окна да им го честитам денот бидејќи ова е и нивен ден“ изјави премиерот Христијан Мицкоски од Македонска Каменица.

Тој оттаму испрати порака.

„Периодот којшто следи ќе имаме многу предизвици, во периодот којшто следи ќе работиме многу, ќе се бориме и на крај ќе победиме. Македонија ќе победи, граѓаните ќе победат. Доста беа порази 7 години. Конечно почнавме и ќе продолжиме да победуваме колку и да сакаат оние ретроградни сили коишто изминативе 7 години ја влечеа државата назад, но да ја оставиме политиката на овој голем ден, да се фокусираме на духовното и во таа насока уште еднаш дозволете ми да им посакам на сите наши сограѓани мир, хармонија и здравје во нивните домови“ рече Мицкоски.

 

Поврзани новости