Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ја потврди автентичноста на пораките кои ги испраќал до генералниот секретар Драги Рашковски, а ги објави Владата.
Тој му порача на Рашковски дека нема да го тужи за тоа што незаконски објавил приватна преписка, но рече дека имал докази за криминалот кој Владата го прави со организирање на летовите за враќање на македонските граѓани. Сепак, доказите нема да ги достави до институциите сега, тук кога тие ќе се ослободат.
-Добро е што мојата преписка со Рашковски, за наводно хуманитарната акција на владата, излезе во јавноста, бидејќи граѓаните и целата јавност ќе може да ја направат разликата помеѓу луѓе за кои има сведоштва, докази, изјави и сомневања дека прават криминал на грбот на народот и луѓе кои тоа им го кажуваат во очи. Во оваа прилика ќе кажам дека за тоа што Драги Рашковски незаконски објавил приватна преписка и што како човек од Владата не го почитува законот, не треба да стравува затоа што нема да го тужам, но за тоа дека за Владата има основани сомневања дека прави криминал со транспортот на луѓе, има нехуман третман и печали од летовите, е за тоа треба да се плашат, затоа што ќе дојде ден да одговараат за таквото воено профитерство. Доказите со кои располагам ќе ги доставам до институциите веднаш откако ќе се ослободи судството и обвинителството од стегите на власта и принципот “трас-трас” воспоставен од Зоран Заев, а до тогаш јас бурно ќе реагирам за секоја информација од која се гледа дека некој се богати на грбот на измачениот народ. Очигледно криминалците остануваат тоа и во редовна, и во вонредна состојба, напиша Мицкоски.