543
Владата нема капацитет да организира демократско изјаснување, порача лидерот на опозицијата Христојан Мицкоски. Според него, повеќе од 50.000 гласа се насилно наполнети во кутиите.
„Владата покажа дека нема капацитет да организира демократско изјаснување. Повеќе од 50.000 гласа се гласови кои на насилен и девијантен пат се полнети во кутиите. Но, попусто – народот одлучи и Договорот со Грција е мртов“, додаде Мицкоски.