Мицкоски: Додека народот гладува со 150 денари на ден, Заеви аздисуваат со нови БМВ-а

by Fokus

Зошто не треба да му веруваат на човекот кој ја обиколува Македонија со најнова марка патничко возило БМВ? Ќе ви кажам зошто, затоа што во Ресен производителите на јаболка цената на БМВ-то ја пресметуваат во милиони килограми јаболка или колку што чини БМВ-то, толку чинат три милиони вкусни преспански јаболка, бидејќи само за два денари истото се откупува, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашниот митинг во Кривогаштани.

По промените, рече тој, ви ветувам одговорност за сите криминали и сета нивна корупција.

„Нека не ве лажат дека сите сме исти. Ние веруваме во народот, ја слушаме неговата мака, а таа покажува колку е нечовечка оваа власт. Тоа што порано можеше да се купи со 1000 денари сега не се купува со 2000 денари, половина милион живеат со 150 денари на ден. Затоа овие криминалци треба да ги пратиме во историја. И да, најдобри се во неспособност, лажење, криминал. Затоа мора сложно и обединето да излеземе на 17 октомври и да гласаме за број 7″, рече Мицкоски.

Поврзани новости