Мицкоски: Добивам информации дека луѓе на Заев вршат притисок Уставниот суд утре да расправа за амнестијата

by fokus

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва преку својот Фејсбук профил сподели дека добивал „неформални“ информации дека премиерот Зоран Заев пратил луѓе да вршат притсок врз Уставниот суд за оценување на уставноста на амнестијата.

-Добивам повеќе неформални информации дека луѓе пратени од Зоран Заев, преку свои канали се јавуваат, вршат притисок и насочуваат точката која се однесува на оценка за уставноста на амнестијата која беше актуелна пред извесен период да се стави за точка на дневен ред на утрешната седница на Уставниот суд. Воедно, ќе потсетам дека Претседателот на Уставниот суд е избран на должноста во периодот додека Зоран Заев е премиер, а можете да претпоставите дека оваа игра е по нивна мерка. Дали одбивањето на СДСМ да гласа за автентично толкување на членови од Законот за амнестија кое самите го предложија, е увертира во игранките за идна амнестија? Бидејќи играњето дупло, не е моја игра, сакам да бидеме на јасно, Зоран Заев е единствениот актуелен политичар кој беше амнестиран, но очигледно е и главниот кој е заинтересиран за некоја идна амнестија поради актуелните афери, што би му ја испорачал Пендаровски. Меѓудругото, Заев сѐ уште молчи за мојот предлог да има забрана за амнестија на политичари и амнестирани лица да не се занимаваат со политика. Молкот кажува дека Заев е лично засегнат и од двата предлога, смета Мицкоски.

Тој додава дека компромиси со правдата нема да има, а власта која мисли дека може да ја изигра, многу брзо ќе се соочи со одговорност за кршењето на законите.

Поврзани новости