Мицкоски до Заев: Вие сте сега најдобар пријател со вратарот, и тендери му делите

by fokus

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашниот дуел со Зоран Заев му порача дека четири години не направил ништо за реформи во судството.

-Имаме една разлика, а тоа е што вие влеговте во овој процес на реформи во судството со обвинение, обвинението за „Поткуп“, а јас влегувам без никакви обвиненија. Не може човек што е обременет со судски случај, да биде добар реформатор. Јас ве разбирам. но, денеска сме 4 години потоа. Имавте 4 години да покажете дека правите барем нешто.
Ете господинот Заев го повторува ова и го разбирам. Сака да зборува против мене, што е логично. Сето што го кажа е далекува од вистината. Не морало лицето кое соработува со нив да им носи снимки, можеле да ме викнат и ќе им кажев. Вие сте сега сте надобар пријател со вратарот, дури и тендери му делите. Ценам дека треба да зборуваме повеќе за понудата, вели Мицкоски.

 

Поврзани новости