Мицкоски до Заев: Имате кривична од Јовановски кому сте му се заканувале дека ќе го ликвидирате

by fokus

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашниот дуел го обвини Зоран Заев дека тој му се заканувал на Бојан Јовановски дека ќе го ликвидира.

-Се растураат пердуви. Го повикувам ревизорот да каже дали има незаконско работење. Кривична пријава има и од Бојан Јовановски, кому сте му се заканувале дека ќе го ликвидирате минатата недела. Вие ме обвинувате за противзаконито работење. Нека каже директорот на Заводот за ревизија дали има незаконско финансирање на кампањата. Доколку нема, Заев да ми се извини на некој од наредните митинзи, рече Мицкоски.

Поврзани новости