Мицкоски: До крајот на годината ќе има усогласување на даночната политика

by Fokus

Единствената давачка за која во моментот размислуваме е за усогласување на македонското законодавство со Глобалниот корпоративен данок, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, во одговор на новинарско прашање дали Владата размислува за зголемување на придонесите за пензиско и инвалидско осигурување.

Мицкоски најави дека до крајот на годината ќе има усогласување на даночната политика со цел консолидираниот данок на профит од 15 проценти на компаниите што ги исполнуваат условите да се исплаќа во целост во државава.

Според Мицкоски, компаните се информирани и немаат против.

-Сите компании кои на глобално ниво имаат приходи поголеми од 750 милиони евра, овде кај нас повеќе од 10 милиони евра и профит поголем од милион евра, мора да платат консолидиран данок на профит од 15 проценти. Кај нас од она што ние го детектиравме има три типа на вакви компании, првиот се оние што користат т.н даночни олеснувања кои се во слободните економски зони, вториот тип се компаниите кои користат вакви даночни олеснувања, но се надвор од слободите економски зони, а третиот вид се оние кои даваат услуги на слободниот пазар, како што се Телеком, А1, Цементара, ЕВН, … Тие мора да платат 15 проценти данок, рече Мицкоски.

Тој додаде дека во македонскиот даночен систем имаме рамен данок од 10 проценти.

Поврзани новости