Мицкоски до Која: СДСМ и Заев направија заробена држава

by fokus
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска се сретна сошефот на ОБСЕ во Македонија, Клеменс Која, со кој споделил информации во однос на моменталната политичка ситуација во земјата.
-Споделив информации за здравствената и економската криза, како и во однос на криминалните афери на власта кои се случуваат на дневна основа.
Потенцирав дека власта не се справи добро со пандемијата, набавката на вакцини доцнеше скоро половина година, а како резултат на тоа се загубија околу 6.000 човечки животи, кои за жал згаснаа како последица на корона вирусот.
Додадов дека СДСМ и Зоран Заев од земјата направија заробена држава во која владеат криминалот и корупцијата, а главни иницијатори се високите функционери од власта кои врз грбот на граѓаните ги зголемуваат личните богатства, додека народот не може да преживее поради лошата економска состојба во државата.
Власта се однесува игнорантски кон граѓаните, нивниот глас не се слуша, а последен пример за таквиот однос е укинувањето на учебниците, соопшти Мицкоски.

Поврзани новости