669
Власта не знае да се справи со Ковид-19 и поради нивната неспособност бројoт на заразени и починати е на многу високо ниво, рекол лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на средба со британската амбасадорка, Рејчел Галовеј на која разговарале за актуелната политичка, економска и здравствена состојба во државава.
-Имено тој посочи дека во врска со пандемијата не се презема ништо и како на здравствен така и на економски план. Мицкоски укажа и на политичката состојба во која се наоѓа државата каде потенцираше дека криминалот, корупцијата се многу застапени и дека има селективно владеење на правото. Исто така тој кажа дека власта дели тендери на лица кои се блиски до власта и за тоа никој не одговара, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.