Премиерот Христијан Мицкоски ги повика ДУИ, да достават докази до него за корупцијата која тврдат дека ја направил вицепремиерот Изет Меџити.
„Сите кои поседуваат било какви докази, за такво нешто, како што тврди ДУИ, еве мојот број сите го знаат, ако треба ќе напуштам состанок, за да ги видам докази и да ги дадеме на органите кои треба да постапуваат“ рече денеска премиерот.
Ги предупреди интегративците.
„Треба да ги предупредам од ДУИ дека продолжуваат да сејат пердуви и да се занимаваат со магла оптоварена со корупција, кое беше нивно второ име во минатото. Главен атрибут им беше ТЦ Соравија, „Ролс-ројс“ автомобилите на сватовите, деловните простории на тогашниот шеф на кабинет на Ахмети и така натаму, можам една цела прес-конференција да ви ги редам скандалите. Тоа е Фројд, владее со нивната потсвест, јас имам доверба во работењето на господинот Меџити“ – додаде Мицкоски.