Мицкоски до Даниелсон: ВМРО-ДПМНЕ верува во реформите за европската интеграција

by fokus

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска оствари средба со директорот на Директоратот за проширување во Европската комисија, Кристијан Даниелсон.

Во текот на средбата Мицкоски ја афирмирал заложбата на ВМРО-ДПМНЕ поврзана со членството на Република Македонија во Европската унија. Мицкоски нагласил дека ВМРО-ДПМНЕ верува во реформите и идеолошките постулати на европската интеграција.

-Мицкоски ги повтори ставовите на ВМРО-ДПМНЕ поврзани со Договорот со Република Грција и укажа дека Партијата не може да се согласи со содржината на истиот бидејќи е спротивен со македонскиот правен систем како и меѓународните стандарди и практики. Соговорниците се согласија дека е потребна понатамошна комуникација помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и претставниците на Европската комисија со цело зголемената потреба од севкупни реформи на македонскиот правен, политички и економски систем, информираа од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости