Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на 102 годишнината од постоењето на Стопанската комора, каде разговараше со бизнисмените и ги слушна нивните барања.
Тие му порачаа дека не сакаат да играат во шеста лига, туку во прва. Побараа и Владата да го комплетира тимот со искусни економисти.
Тој рече дека транспарентноста и отчетноста ќе и бидат приоритет на Владата. Најави дека наскоро, преку интернет страница граѓаните ќе можат да гледаат како и за што се трошат парите и на национално и на локално ниво.
-Имаме намера да бидеме ваш партнер и да помагаме. Сакам да ве уверам во тоа. Чуда се невозможни, но тоа што може, ќе го направиме во рамки на Уставот и законите. Наш интерес е домашната економија да се развива, потенцира Мицкоски и ги повика компаниите да аплицираат за 250-те милиони евра, обезбедени од Унгарија.
Мицкоски денеска од Комората доби награда за соработка и посветеност.
На настанот, покрај бизнисмени – членови на Комората, се и министрите за финансии, за енергетика, за транспорт и врски и за јавна администрација.