Исчисти ги криминалците од твоите редови, ќе ти помогнеме во тоа оти ова е наша заедничка татковина, му порача премиерот Христијан Мицкоски на Али Ахмети.
„Ќе се обратам и до Али Ахмети ама не на начинот на кој тој ми се обрати. Реформирај ја партијата, исчисти ги криминалците, ќе ти помогнеме. Ова е наша заедничка татковина. Дали гледаш колку Албанци се иселуваат. Куќите во твојот Зајас, зјаат празни. За 20 години повеќе од 100 илјади Албаннци се иселија. Чија е таа одговорност? Немам намера да кревам тензии, имам попаметна работа. Знам дека ти одговара да влегуваш во конфликти, но немам време за тоа. Знам дека сакаш за дневно политички поени да се надмудруваш, но дај надмини го тоа. Не е во ред кога сте опозиција да зборувате за меѓуетнички тензии. Да се обединиме, преку дебата за проекти и идеи. Надминете ги суетите. Поддржете ги мерките за младите, после предложете и ваши мерки, рече Мицкоски.