Мицкоски денеска оперирал бенигна бемка на вратот на Торакална хирургија

by Fokus

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во целокупниот драматичен ден поврзан со собраниската седница, на која требаше да се гласа за недоверба на влада, а која никако да почне, завршил на операција на скопската Клиника за торакално-васкуларна хирургија, потврди за „Фокус“, директорот Неџат Јакупи.

„Мицкоски дојде кај нас на клиниката околу 17 часот и имаше операција на бенигна бемка на вратот. Тој дојде бидејќи бемката му правела одредени проблеми. Операцијата траеше 45 минути, при што пред 19 часот ја напушти клиниката и веќе е на лекување во домашни услови. Не е ништо страшно“, истакна доктор Јакупи.

Претходно, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ објави статус и фотографија на која можеше да се забележи дека имал некаква интеревенција.

Динамичен ден. Киднапиран пратеник, криминал, уцени, срам, и нормално најголемата желба на СДСМ-ДУИ да ме немало во политиката… 🙂 после 45 минути лесна хируршка интервенција која беше закажана пред кампањата, ја одолговлекував поради кампањата и денес дојде редот 🙂, се чувствувам одлично.Огромна благодарност до д-р Џиковски, Срцева, Пеев и останатите. Одиме понатаму, ние сме тоа што тие не се – Обединети за нова иднина на Македонија! – напиша Мицкоски на фејсбук.
Тој пред да замине на операција беше во Парламентот, за чисто да види како се одвива цела атмосфера.

Денешниот ден во Собранието помина во драматична атмосфера, неколку пати се откажа собраниската седница, двајца пратеници од ВМРО-ДПМНЕ во скафандери изолирани во посебна кабина со саати чекаа да почне седницата, додека пак пратеникот од БЕСА, Кастриот Реџепи воопшто не се појави, па поради него немаше доволно кворум за да се гласа за недоверба на владата.

Ирена МУЛАЧКА

Поврзани новости