Мандатарот Христијан Мицкоски денеска се очекува до Собранието да го достави предлогот за состав на Владата и програмата за нејзина работа.
Собраниската седница за избор на новата влaда се очекува претседателот на Собранието да ја закаже за сабота во 11 часот, а треба да заврши најдоцна до недела на полноќ.
Мандатарот ги предложи досегашниот технички министер за внатрешни работи Панче Тошковски за министер во овој ресор, за надворешни работи и надворешна трговија актуелниот градоначалик на Општина Аеродром Тимчо Муцуски, а за финансии потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Кочоска Димитриеска.
За заменик претседател на Владата и министер за транспорт партискиот потпретседател е предложен партискиот потпретседател и пратеник во повеќе мандати Александар Николоски, во ресорот одбрана Владо Мисајлоски, пратеник и поранешен министер за транспорт, а за информатичко општество и дигитална трансформација досегашниот дополнителен заменик министер во овој ресор Стефан Андоновски.
Министер за локална самоуправа ќе биде поранешниот директор на ЈП „Водовод и канализација“ Златко Перински кој во изминатиот период го водеше и кабинетот на Мицкоски.