Мицкоски: Денес работничките права се прекршени и погазени, проблемите се многубројни, но решенијата мора да ги носиме заедно и одлучно

by Fokus

„Денес работничките права се прекршени и погазени. Државата многу малку води грижа за тие кои создаваат и се р’бетот на нашата економија. За мобингот врз работниците многу ретко се зборува, но најголемиот проблем се платите кои ги изеде инфлацијата. Тие не се доволни ниту за половина од потребната потрошувачка кошница“ напиша на Фејсбук меѓудругото лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по повод Денот на трудот – 1 Мај.

„Проблемите се многубројни, но решенијата мора да ги носиме заедно и одлучно. Првиот чекор се промените кои мора да се случат, и тие промени се во ваши раце. Заедно да ја направиме Македонија повторно силна, голема и твоја. Честит 1 мај, меѓународен ден на трудот!“ стои во честитката на Мицкоски.

Поврзани новости