Мицкоски: Делови од договорот со „Бехтел и Енка“ се поголем криминал од транзицијата

by Фокус

Овој договор треба да биде споделен со македонската јавност, со вас медиумите, па вие потоа да отворите јавна дебата и да можеме да зборување очи во очи, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање дали, според него, е прифатливо само пратениците кои имаат безбедносен сертификат да го видат договорот кој владата на СДСМ и ДУИ го потпишала со „Бехтел и Енка“.

-Ние отворивме најмалку 10 дилеми изминатиот период кој што се поврзани со овој договор, за кои што сметаме дека се историски криминални. А дури и јас би рекол дека според влијанието кои што го имаат овие проблематични делови од договорот се поголем криминал од времето на транзицијата кога практично десетици, стотици наши сограѓани останаа без работа – рече Мицкоски.

Според него, секогаш кога СДСМ е водечки или малцински партнер губи Македонија – се менуваат знамиња, се менуваат имиња, се отвораат и се затвораат устави… Мицкоски вели дека граѓаните се тие кои што на следните избори ќе одлучат кој сака да ја води државата.

-На следните избори народот ќе одлучува дали овие кои што ја пљачкосуваат, срамат и понижуваат Македонија, или опција која што гради создава и практично опција која што ја брани Македонија. тоа е суштината. Така што треба сите ние да знаеме каков ќе биде нашиот избор на следните парламентарни избори – посочи тој.

Поврзани новости