Мицкоски: Да не беше хаос и безредие, успесите на градоначалниците ќе беа поголеми

by fokus

Успесите на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ, ќе беа, најмалку двојно повеќе да немаше хаос, безредие, затворени општини, корупција, енормно задолжување, неработата, неспособност. Ова денеска го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, од Битола, каде ВМРО-ДПМНЕ организира регионален отчет за стоте дена локална власт.

Мицкоски тврди дека градоначалниците од опозициските редови потврдиле дека умеат да се носат со функциите на кои се поставени и вели дека тие почнале да ги менуваат лошите состојби во кои се наоѓаат општините.

-Овие 100 дена се сублимат на многу мали, но еднакво вредни победи за сите нас. Но и големи проекти за кои треба волја, но и знаење…Во изминатите 100 дена започнавме повеќе од 1.090 проекти. Или точната бројка е 1.093 за 100 дена. Започнати се со реализација 166 капитални објекти низ целата територија на Македонија…И кога сето ова ќе го кажеме на власта пред нив, затоа што тие практично имаат градоначалници во повеќе од 20 општини СДСМ и ДУИ заедно, но изминативе 100 дена ниту отчет видовме, ниту пак некој од нив излезе и кажа што сработеа изминативе 100 дена, вели Мицкоски.

Поврзани новости