Нашата држава преживеала многу лаги и изневерени очекувања, ќе ги надмине и овие Заевизми, но проблемот е што додека ние како општество тонеме, целиот регион оди напред, и испуштаме драгоцено време – напиша претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил.
„Македонија критериумите за членство во НАТО ги исполни уште со Букурешкиот самит во 2008-ма година. Констатирано и повеќе пати повторувано. Она што преставува реален проблем е билатералниот спор за името со Грција. И овој спор ние сакаме да се надмине и тука никогаш не сме се разликувале од било кој посериозен политички субјект. Но она по што се разликуваме е начинот на кој тој се решава и цената што Македонија ја плаќа за тоа! Зоран Заев со овој договор прави неповратна штета за државата, атакувајќи врз достоинството и идентитетот на нашиот народ – пишува Мицкоски.
Според него, членството во НАТО не е волшебното стапче што ќе ја крене просечната плата која се уште е далеку под ветените 500 евра плата.
„Тоа нема да направи да се крене економијата од досега најниските 0.1 осто, ниту да го реши проблемот со корупцијата и криминалот кој извира од власта – додава Мицкоски.