Заемот од 100 милиони евра го блокиравме затоа што со него се презема обврска да се затвори РЕК Битола и Осломеј и остават на улица 4000 вработени, пишува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во објава на Фејсбук.
-Блокираме за да спасиме 4000 директни работни места и најмалку двојно повеќе индиректни работни места. Блокираме за да го спасиме столбот на сувереноста на Македонија, РЕК Битола од затвoрање. Продолжуваме со активната блокада за спас на Македонија и граѓаните на Македонија, пишува Мицкоски по обвинувањата од СДСМ дека во услови на криза по мој налог пратениците на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ блокирале Закон за заем од 100 милиони евра за справување со енергетската криза.
Тој образложува како со овој заем коалицијата СДСМ/ДУИ, наводно сака да ги затвори РЕК Битола и Осломеј.
-Предлагаат Закон за заем од 100 милиони евра во парламентотЗаем за кој гарант е државата под услови и рокови дефинирани со Договорот за заем. Каматната стапка на заемот е: шест месечен еурибор (моментално е околу 2,3%) + маргина од 1% + еднократна провизија од 1% или вкупно околу 4,3%. Како ќе ги троши парите од заемот ЕСМ (поранешно ЕЛЕМ),
20 милиони евра за оперативни трошоци
55 милиони евра за набавка на струја (ако доволно произведуваат струја како што тврдат овие пари не им се потребни)
24 милиони евра за сервисирање на долгови (веќе доспеаните обврски од тендерите во четири очи)
1 милиони за еднократната провизија.
Каква обврска превземаме со заемот
Затворање на ТЕЦ Осломеј до крајот на 2023 година, затворање на РЕК Битола до крајот на 2027 година и пуштање на нов капацитет ЕСМ или во приватно партнерство со приватен инвеститор до крајот на 2025 година со инсталиран капацитет од 210 MW (тоа значи за 3 години да се испроектира, изгради и пушти во употреба капацитет кој денес никој не го гледа, а за кој изминативе 5 години влада на сдсм/дуи никој не слушнал), објаснува Мицкоски.