Мицкоски бил спремен за национално помирување

by fokus

Национално помирување и обединување околу стратешките цели е прифатлива идеја за премиерот, кој во новогодишното интервју за МИА вели дека е подготвен во секое време да разговара со кој било политички актер, кој има идеја во корист на државните стратешки интереси. За него е добро, што оваа тема е се поприсутна во јавноста, и преку предложената платформа од коалиционите партнери од ЗНАМ, но и преку предлогот на Венко Филипче, да се изготви натпартиска стратегија.

Со Филипче досега не искомуницирал за оваа тема конкретно но, разменуваат по некоја реченица во Собранието.

Односите во владината коалиција ги оценува како исклучително квалитетни, а во моментов не размислува за каква било кадровска промена.

За ДУИ вели дека повторно се обидуваат преку етнички тензии и поларизација да го привлечат вниманието на јавноста. Загрижен е од фактот што, Ахмети знаел каде се наоѓа Груби и смета дека е логично да биде повикан на информативен разговор во обвинителството за деталите околу сегашната локација на поранешниот вицепремиер.

Поврзани новости