Мицкоски би разговарал со Димитров, но не во моментов

by Fokus

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, вечерва на телевизија 24 вели дека Никола Димитров нема кредибилитет да зборува за предавства, бидејќи како што рече, тој заедно со Зоран Заев ги донел велепредавствата, но дека никој од Јавното обвинителство не реагирале да го повикаат да даде исказ.

-Тој е човекот кој што учествуваше во Преспанскиот договор. И сега вие ми зборите тука за кредибилност. Нема тука дилема дека тој има кредибилитет да неговата совест барем на крајот од неговиот мандат јавно преговори дека ова е предавство за македонскиот народ или се подготвува уште поголемо предавство – рече Мицкоски.

Тој додаде дека досега не се сретнал со Димитров, но не исклучи таква средба во иднина.

-Доколку мислам дека може да каже нешто што би било корисно за подобра иднина на граѓаните, тогаш зошто да не – истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости