Единствената опција која остана на маса се предвремени праламентарни избори, рече претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Тој рече дека би прифатил лидерска средба но само за договор околу деталите за брзи избори, на кои се подготвени да одат и без техничка влада.
Тој категорично го отфрли продолжување на дијалогот со власта околу уставните измени, кои како што и денеска рече нема да се случат. Според него тоа станало јасно на пеленарната седница во петокот.
Мицкоски повтори дека ВМРО-ДПМНЕ нема да гласа за промена на Уставот, не поради инает, туку оти сметаат дека така е правилно.
„Нема ништо повеќе на маса, само една работа сега е на маса а тоа е лидерска средба околу датумот за предвремени парламентарни избори, и на таа лидерска средба да ги договориме деталите околу законските измени. Повторувам подготвени сме на брзи парламентарни избори без техничка влада и само тоа е сега на маса. Секој оној што сака да разговара со нас за ова прашање е добредојден. Се останато ВМРО-ДПМНЕ во моментот го смета во рамките на оваа кампања на тортура и притисок“, вели Мицкоски.
За премиерот Ковачевски пак изборите не се решение, а неносењето одлуки може единствено да ја остави Македонија во чекалната уште долги години. Ковачевски овинува дека опозицијата го блокира поцесот, без притоа да нуди алтернативно решение.