505
Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, по завршувањето на седницата на Извршниот и Централниот комитет побара неотповиклива оставка од Зоран Заев и формирање на техничка влада со траење од 100 дена.
– Утре пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе барање за распуштање на Собранието, техничка влада и иницијатива за распуштање на предвремени парламентарни избори на исти трошок со претседателските избори. Следните неколку дена нека одлучи СДСМ па да видат граѓаните кој бара избори, а кој моли Бога да не ги добие. Македонија никогаш не била толку поделена, општеството се наоѓа во најтешка ситуација – рече Мицкоски.