356
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски побара што поскоро да се затвори клубот „Цар Борис“ во Охрид.
„ВМРО-ДПМНЕ предложи закон во Парламентот, тој закон помина, тој закон е изгласан и тој закон треба да почне час поскоро да се применува. Уште утре да го затворат клубот „Цар Борис“ во Охрид и да се укине регистрацијата на тој клуб, бидејќи тој клуб, очигледно и јасно ни е на сите, носи име на фашистички соработник. Однос, на бидам по прецизен, нацистички соработник, за време на Втората светска војна“, рече Мицкоски.