Мицкоски бара лидерска средба за да се одложат изборите

by fokus

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на својот официјален Фејсбук профил најави дека денеска ќе побара свикување на лидерска средба кај претседателот Стево Пендаровски на којашто побара одложување на предвремените парламентарни избори за да се заштити здравјето на граѓаните.

-Сите препораки на релевантните домашни и светски организации се дека најдобар одговор за справување со вирусот е одбегнување на активности. Токму кога се предвидувањата за пикот на здравствената криза, во Македонија ќе треба да се одржат избори. Со вакви анализи и предвидувања изборите би значеле отворање на нови жаришта со Корона вирус. Замислете ден на избори кога во една просторија каде има гласање илјадници избирачи ќе гласаат, ќе заокружат со пенкало, ќе имаат личен контакт со членовите на избирачкиот одбор. Во овие кризни моменти ова е ситуација кога човек одбира помеѓу личниот и интересот на државата и ова го велам од причина што сосема е извесно дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на изборите со убедлива разлика, но воедно одржувањето на избори ќе значи и изложување на илјадници граѓани, поточно над еден милион луѓе под директен ризик за нивното здравје и ширење на корона вирусот. Јас во овие моменти го одбирам, без трошка колебање интересот на државата и граѓаните, и затоа денес ќе побарам свикување на лидерска средба кај претседателот Стево Пендаровски со точка на дневен ред разговор одлагање на превдремените парламентарни избори со цел заштита на здравјето на граѓаните. Потребно е одговорно однесување, кон граѓаните и државата. Нема ниту една разумна, и ниту една човечка, рационална, и прагматична причина тие да не се одложат, бидејќи за мене, а верувам и на останатите, борба за власт по цена на животите на граѓаните е неприфатливо, напиша Мицкоски.

- Advertisements -

Попладнево кај претседателот ќе се одржи Советот за безбедност на која ќе се расправа за состојбата за корона вирусот. Предвремените парламентарни избори се закажани за на 12 април.

Поврзани новости