Мицкоски бара извинување од СДСМ за ,,Делчевски ниви”, се закани со тужба

by fokus

По побаран став од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за тоа дека ви притворот завршија осомничени за случајот „Делчевски ниви”, кои се функционери на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски одговори дека прво ќе бара извинување од СДСМ, а потоа ќе тужи за навреда и дека неговиот адвокатски тим ќе подготви тужба за клевета.

-Тие почнаа да тркалаат дека така се финансирало ВМРО, дека јас сум бил вплеткан итн., но видовме дека тие лица се таму каде што се поради сосема други членови од Кривичниот законик. Верувам во пресумпција на невиност, но исто така секому каде што ќе се докаже вина, родена сестра да ми е, за сторен криминал ќе одговара. Тоа важи за сите оние кои не само што се членови на ВМРО, на СДСМ, ДУИ, Алијанса, било кој, политички определени или политички неопределени… Очекувам истото тоа што е направено за сите овие луѓе, да биде направено за сите оние останати коишто на истиот начин продавале вакво земјиште на ЕВН. Очекувам и Финансиската полиција и Обвинителство да постапат и со останатите 100-200 парцели и останатите продавачи да имаат ист третман. Инаку, во спротивно, третманот ќе се однесува само на поединци, а не генерално, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости