Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на социјалните мрежи им го честиташе денешниот празник Илинден на сите граѓани.
„Секој народ, секоја земја има свои славни моменти, исполнети со страдања, премрежја, подвизи. Македонија го има Илинден, тој светлосен пркост за слобода и своја држава, саможртва исполнета со дело и чест. Илинден е крикот на Македонецот и сите обесправени народи за човечки правдини, за слобода, но и завет да го чуваме тоа дело и пораките кои двата Илиндена ги носат. Бајракот на Македонија е извезен со крв и многу жртви и ние како генерација имаме аманет тој бајрак да го носиме, чуваме, но и да ги повикаме сите оние кои ја сакаат и почитуваат својата Татковина Република Македонија да ни се приклучат во нашата истрајност за подобар живот, напредок и држава на среќни граѓани. Нека е честит и вековит Илинден! Да е жива Македонија!“, порача Мицкоски.