Ние како ВМРО-ДПМНЕ и денеска излеговме на овој протестен собир, марш каде што ги кажавме нашите две барања, а тоа се: Најпрво да се врати поранешната цена на струјата и дополнително Регулаторната Комисија и претседателот Марко Бислимоски да најдат конечно храброст и да се повлечат од комисијата за да дојдат луѓе кои што ќе бидат експерти во таа област и ќе ја вршат работата не под насока на власта и Зоран Заев, туку онака како што треба, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во веќерашното интервју на Канал 5.
-Ако владата има можности и наоѓа начини да финансира обуки за магариња и фризерници, тогаш власта мора да има слух за граѓаните и да најде решение за потешкотиите со кои се соочуваат поради ова поскапување на струјата.
За жал ние сме единствена земја која што во екот на економска криза од ковид пандемијата, граѓаните имаат уште еден товар, а тоа е да плаќаат поскапа струја. Нема тука да застанеме, ќе продолжиме да бидеме гласот на граѓаните и да ја потсетуваме Регулаторната Комисија дека граѓаните крпат крај со крај и дека им е потребно помош од нивна страна, а не уште еден товар кој што ќе треба тие финансиски да го сносат како граѓани, рече Мицкоски.