540
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по состанокот со премиерот Димитар Ковачевски кажа дека му понудил да го каже јавно предлогот а тој да се откаже од предвремени избори.
– Му понудив на Ковачевски да излезе и да го одбие ова кое е доставено како предлог а јас да се повлечам од барањето за предвремени парламентарни избори. Да ги ставам сите капацитети на ВМРО-ДПМНЕ, институционално и да и помогнеме на владата во надминување на предизвиците кои оваа зима ќе се појават пред нас, кажа Мицкоски.
Мицкоски додава дека на пролет откако ќе измине најтешката зима ќе треба да седнат повторно на заедничка маса со Ковачевски за да направат репроценка на актуелната состојбата.
– Да повторам само треба да го одбие, додава Мицкоски.