Ако Бугарија продолжи со своите барања, треба напуштање на овој договор на Зоран Заев и ќе бараме нов договор, рече во интервју за МТВ лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
– Ќе излезам и ќе побарам јасна декларација дека никогаш нема да преговараме за посебноста на македонскиот јазик, идентитет, историја. А доколку продолжи соседна Бугарија да инсистира на истото, за нас Договорот со Бугарија ќе биде мртов. Еден ваков договор треба да нуди иднина, а не минато – рече Мицкоски.
Ако европските бирократи продолжат да стојат на страна и покрај хегемонистичките и големодржавни идеи на Бугарија, рече Мицкоски, не споделуваме исти вредности. Во таква ситуација, според него, државата треба да се европеизира сама и да чека други гарнитури политичари на иста линија.